По видеото кое го објави конторверзниот турски бизнисмен Пекер во кое кажа дека бил во домот на премиерот Заев, опозицијата не прастанува со поставуање на прашања до власта кои се уште остануваат неодговорени.
ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара одговор од Заев и Владата за што зборувале македонскиот премиер и мафијашот Пекер.
Попусти се обидите на Владата да го перат Заев, сите видовме како на Пекер му беше доделено полициско обезбедување и придружба со неколку возила од МВР. Седат Пекер и Зоран Заев имаат една заедничка работа и двајцата се поврзуваат со наркотици. Дали Зоран Заев и Седат Пекер разговарале за бизнисот со марихуана, или можеби за некој друг бизнис или негов влез во некој биизнис во Македонија, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од Владата пак демантираат било каква средба на Заев со Пекер кој доби македоснки пасош со туѓ идентитет.
По објавувањето на видеото на Пекер, Алфа побара одговори од обвинителството дали ќе го повикаат Заев на информативен разговор, оти неговото име се споменува во изјавата на мафијашот, но одговор не добивме.
Дел од аналитичарите велат дека не очекуваат обвинителството без разлика на обајвеното видео да ја прошири истрагата.
Најпрво треба да имаме предвид дека ние за жал во последниве 3-4 години и од она малку што личеше на јавно обвинителство направивме политичка комисија, која работи по желбата на власта односно политиката која ја сповердува владејачката политичка партија. Јас не очекувам оваа структура во обвинителството да ја прошири истрагата спрема други функционери од МВР и во Владата кои што според сите основани сомненија имале големо влијание во овој криминал кој што се правел со легалните македонски пасоши и исправи со туѓ идентитет, вели за Алфа, Љубомир Ѓурчевски – пензиониран началник, пренесува Алфа.
Целиот текст може да го прочитате на АЛФА.