четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВЛАСТА ЈА УНИШТИ ПОПОВА ШАПКА: Скијачите разочарани од понуденото, туристите гневни на власта по најавата дека Заев ќе го продава ски центарот

Судбината да биде уште потрагична за ова богатство кое пропаѓа пред очите на народот е изјавата на Зоран Заев дека овој ски центар ќе се продава во иднина или дека ќе се склучи јавно приватно партнерство.
ВЛАСТА ЈА УНИШТИ ПОПОВА ШАПКА: Скијачите разочарани од понуденото, туристите гневни на власта по најавата дека Заев ќе го продава ски центарот

Скијачите на Попова Шапка како и туристите оваа сезона не се изненадени од овој туристички центар во земјава иако речиси цела година го чекаа снегот и отворањето на ски сезоната која годинава заврши предвреме во месец март поради коронавирусот.

Овој викенд речиси десетици илјади граѓани од целата земја беа во посета на туристичкиот Центар Попова Шапка, но таму за жал наидоа на стари проблеми…

Освен што на влезот туристите и скијачите ги пречекуваат преполни контејнери со ѓубре, мака се мачи и со старите ски лифтови кои едвај функционираат.

Протоколи речиси и да нема, а средства за дезинфекција има поставено на речиси несоодветен начин иако сумата на целодневна ски карта е 1.000 денари.

Електронските сензори за евидентирање на картичките за влез на ски жичарите не работат, па мора преку нив да се протнуваат скијачите или да скокаат за да поминат.

Туристите пак се разочарани од тоа што шестоседот не работи иако во февруари оваа година целото владино раководство се пофали со оваа инвестиција како нивен проект.

Вчера поради расипаните „порти“ низ кои треба да се помине картичката за да влезете на ски лифтовите не работеа и дел од ски патеките на кои наместо скијачи имаше обични туристи со санки…

Судбината да биде уште потрагична за ова богатство кое пропаѓа пред очите на народот е изјавата на Зоран Заев дека овој ски центар ќе се продава во иднина или дека ќе се склучи јавно приватно партнерство.

Граѓаните кои ги сретна КУРИР на Попова Шапка велат дека срамно е ваков туристички центар да пропадне и да биде уништен од страна на власта која гледа само богатење на грбот на граѓаните во секоја смисла на зборот, па и во оваа со продажбата на некогашниот скијачки бисер на Балканот.

Најнови вести