Власта и државните институции предводени од СДСМ не правата ништо за да ја заштитат и одржат чиста животната средина. Реки полни со отпад и пластични шишиња, смет и диви депонии на сите страни е реалната слика во Македонија.
Кога земјата е зафатена од обилните врнежи од дожд тие ја вадат на виделина сета негрижа кон природата. Диви депонии долж реките, корита полни со различен отпад, и сето ова поради отсуството на контрола, санкционирање на лицата кои фрлаат отпад, но и на чистењето и нивно санкционирање од страна на институциите.
Голема количина од пластиката која завршува во водите, предизвикува контаминација на подземните води, а потоа истата вода се употребува за наводнување на земјоделските производи. Во недостиг на грижа на институциите, за чистење на околина, најчесто се случува да се организираат еколошки акции од страна на граѓански здруженија или пак на индивидуални поединци.
Од граѓанската организација „Не биди ѓубре“, која пред пандемија често организираше акции за чистење на јавни површини, посебно во градот Скопје, велат дека институции посериозно треба да вклучат во одржувањето на чиста животна средина, а не за нејзе да се ангажираат само за време на избори, за собирање на гласови.
-Стварно сме во една многу лоша состојба и дека сите треба да бидеме вклучени како граѓани и институции, иако не е наше ѓубре. Алармантна е состојбата, и да не бидеме вклучени, посебно институциите само за време на избори, затоа што две и пол години од кога постои Не биди ѓубре, апелираме дека четири години секоја локална власт треба да биде свесна дека чистотата зависи и од нив, не само од нас, вели Елена Митревска од „Не биди ѓубре“.
Од друга страна, ридови отпад расфрлани на дивите депонии низ земјата. Општините тврдат дека ги чистат но на терен отпадот e насекаде. Таков е и примерот со дивите депонии во општина Арачиново и Липково. И по повеќе од дваесет години на иста локација стојат двете диви депонии. Првата депонија се наоѓа на самиот излез од Арачиново на магистралниот пат Скопје-Куманово, втората на еден километар од првата.
Дивите депонии во овие општини се вистинска еколошка бомба.Тука може да се најде речиси се од градежен шут,пластични и стаклени шишиња,непотребни играчки па дури и остатоци од храна. Страшно е што овие депонии често знаат да се запалат, а чадот штети по здравјето на жителите од околните населени места, додека фрлениот шут ја загадува почвата, во чија близина често има ниви на кои се засадени земјоделски култури.
Иако локалните градоначалници во предизборието ветуваа решение за овие депонии, скоро четири години после тоа немаат ништо направено. Диви депонии низ државата и речни корита полни со отпад од година во година е сѐ позагрижувачка. Вина за ова може да се бара и кај несовесните граѓани кои ѓубрето го срлаат насекаде, но сепак државните институции се тие кои не функционират и не превземаат ништо за решавање на овој суштински, егзитенцијален проблем.
Во 2010 година, ОН го признаа “правото на безбедна и чиста вода за пиење и санитација“ како човеково право што е од суштинско значење за целосно уживање во животот и сите човекови права. Човековото право на вода им дава право на сите, без дискриминација, да имаат доволна, безбедна, прифатлива, физички пристапна и достапна вода за лична и за домашна употреба.
Од друга страна и Европската комисија и даде сериозна забелешка на Македонија за финансиските средства кои ги издвојува за животна средина. Таа во последниот извештај за напредокот на државата кој излезе минатата 2020 година, критикуваа дека Македонија издвојува незначителни мали финансиски средства за животната средина.