сабота, 20. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите јасно покажуваат – Мицкоски со најголема доверба, СДСМ ги губи изборите, народот сака иднина

ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите јасно покажуваат – Мицкоски со најголема доверба, СДСМ ги губи изборите, народот сака иднина

Анкетите на Прорисрч јасно покажуваат – ВМРО-ДПМНЕ со 6.3% пред СДСМ, претседателот Христијан Мицкоски со 5% пред Заев. Анкетата на Прорисрч покажува дека граѓаните во огромен број даваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат од партијата.

-Според податоците објавени во медиумите ВМРО-ДПМНЕ ужива поддршка на 26% од испитаниците, по што следува СДСМ со 19,7%. Убедливо губи и Зоран Заев во однос на претседателот Христијан Мицкоски. Имено претседателот Мицкоски ужива доверба кај 15.5% од испитаниците, наспроти Зоран Заев со 10.6%. Анкетата на Прорисрч јасно ја отсликува и реалноста која е забележлива на терен помеѓу народот, а тоа се гледа и од собирите и митинзите. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води. Промените се на праг. На 17 октомври се свртува нов лист. Време е да создадеме нова иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести