вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ Центар: Богдановиќ и Шилегов го оставија Скопје и Центар речиси еден час под вода, центарци не заслужуваат ваков градоначалник

ВМРО-ДПМНЕ Центар: Богдановиќ и Шилегов го оставија Скопје и Центар речиси еден час под вода, центарци не заслужуваат ваков градоначалник

Откорнати дрвја, причинета материјална штета, поплавени улици и домови на граѓаните ваква е сликата денес од Центар после неколку минутен дожд, велат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Од таму велат  дека СДСМ е 5 години власт во општина Центар и низ раце им поминаа повеќе од 100 милиони евра и сепак не успејаа да ја средат атмосферската канализација и да го подоборат работењето на службите.

-Богдановиќ и неговиот партиски другар Шилегов го оставија Скопје и Центар речиси еден час под вода. Дали Богдановиќ вака си замислува најурбаната општина во Република Македонија која по само неколку минутен дожд плива под вода. Апелираме до Општина Центар и до Богдановиќ да ги стават на располагање сите ресурси и да им излезат во пресрет на сите граѓани. Вакви сцени како од африканските држави се недозволиви. Ветувањата на Богдановиќ беа дека Центар ќе биде урбана и модерна општина по теркот на урбаните центри низ Европа. Овие слики денес ни го покажаа сосема обратното. За ваквата ситуација најдиректно е одговорен Богдановиќ и СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Од таму велат дека центарци заслужуваат градоначалник кој ќе биде тука за нив и ќе ги решава нивните проблеми, но не заслужуваат градоначалник како Саша Богдановиќ.

Најнови вести