Срамота е кога цела влада на чело со Заев се собира за да предаде во употреба едно амбулантно возило, кое немаше да биде ниту набавено доколку директорот на болница јавно не молеше за помош. За пусти политички поени Заев направи настан, за случај од кој треба да се срами, затоа што градот кој го водел 10 години го оставил без доволно болнички возила, а како премиер 4 години ниту во Струмица, ниту во било кој друг град набавил амбулантни возила, па мора да се слика со возила кои се донации, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Зоран Заев.
– Со 530 илјади евра кои само Шилегов ги дава за диносаурусите и лампионите, можат да се набават 15 болнички возила. Но секако диносаурусите во ек на пандемија се поважни од амбулантни возила, велат од партијата.
– Останува сомнежот дека зад ваквата раскалашеност се крие бизнис. Имено омилената струмичка фирма на Заев за обезбедување која доби 26 милиони евра државни тендери и тендери од ЕВН најавува приватна брза помош. Дали намерно не функционира брзата помош за да може и овој бизнис да се земе во рацете на Заеви? Дали граѓаните треба повторно да бидат жртва за некој утре да може да ниже дебели профити?, посочуваат.