понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Царовска се слика, над 7000 стечајци се борат за својата егзистенција

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека од поднесени над 12.000 барања, власта првично опфати едвај 2500.
ВМРО-ДПМНЕ: Додека Царовска се слика, над 7000 стечајци се борат за својата егзистенција

Министерството за труд и социјална политика предводено од Мила Царовска пука по сите линии и не успева да одговори на потребите на граѓаните и обврските што ги има, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изневерени се очекувањата на пензионерите кои се надеваа дека ќе продолжи зголемувањето на пензиите започнато од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Малолетни девојчиња се силуваат по домовите, а изманипулирани се и стечајните работници. Над 7000 стечајни работници остануваат надвор од законскиот опфат. Додека Царовска се слика на владини пресконференции над 7000 стечајци се борат за својата егзистенција. СДСМ и Царовска од опозиција ветуваа експресно и целосно решавање на статусот на стечајните работници, за сега повеќе од 60% од стечајците да останат надвор од регулација со законот кој денес го најавија, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека од поднесени над 12.000 барања, власта првично опфати едвај 2500.

Стечајците чекаат СДСМ да ги исполни своите ветувања, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ,

Најнови вести