Златниот прибор за јадење на Заеви е слика и прилика за тоа како се луксузира власта на сметка на сиромашните граѓани, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Лажната претстава која Заев ја создава околу себе е демантирана само со една слика на која се гледаат златните лажици, вилушки и ножеви на Заеви во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само две евра дневно, 54 илјади луѓе останаа без работа, а уште толку не земаат редовно плата.
Десетици илјади семејства на тутунари, лозари и оризари не можат да си ги земат заработените пари, ама затоа луксузот на Заеви и на власта не смее да трпи.
Лажниот социјалдемократ Заев е всушност апсолутист кој власта ја користи за лично богатење. Затоа во пикот на епидемијата тој наместо за животите и здравјето на граѓаните е опседнат со бизнисот со марихуана за да му обезбеди на своето семејство уште поголемо богатство. Тоа што починаа скоро 2.600 лица, а 85.000 беа заразени, очигледно не го спречува Заев да ужива во луксузот стекнат со матни зделки, сомнителни коруптивни и криминални набавки.
Алчноста по злато и пари на Заев ја претворија Македонија во најсиромашна, најнесреќна и најкорумпирана држава во Европа. Додека Заеви јадат со златна лажичка, огромно мнозинство нема ни за леб, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.