сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е од вирусот на неспосoбност и криминал наречен Заев кој ја уништуваше Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е од вирусот на неспосoбност и криминал наречен Заев кој ја уништуваше Македонија

Криминалната власт на Заев и СДСМ не се грижи за ништо друго, освен за лично богатење. Затоа јавноста гледа како се разнесуваат куфери полни со милиони евра. Затоа јавноста гледа како се вршел рекет и како директорот на ФЗОМ Ден Дончев става снопчиња со црни пари во својата чанта. Затоа пропаѓа целиот систем во Македонија и директно се загрозува егзистенцијата на народот, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дури народот се заразува и умира од корона вирусот Заев и неговите пајташи само се богатат на грбот на народот. Новите бројки од 136 заболени и 8 починати за едно деноноќие покажуваат дека оваа неспособна и неодговорна власт не знае да се справува со епидемијата. Македонија е претворена во европски Вухан и рекорден во регионот по смртност и заразеност на еден милион жители. Затоа Македонија мора истовремено да се справува со два вируса, короната и вирусот наречен Заев. Овој вториот е уште поопасен за државата и мора да биде поразен на претстојните избори. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести