четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС имаат полна уста со европски вредности, а во реалноста нивните џебови се полни со украдени европски пари

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС имаат полна уста со европски вредности, а во реалноста нивните џебови се полни со украдени европски пари

Власта на ДУИ и СДС веќе не е само закана за народните пари на македонските граѓани, туку станува сериозна закана и за европските фондови. Имено за овие години нивна власт, Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ регистрира 18 случаи на злоупотреба на европски средства во Македонија, што е половина од сите злоупотреби во регионот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо за европски проекти, огромни европски средства ги јадела корупцијата и ова не е возможно да се случувало без знаење, согласност, па дури и директна вмешаност на високи владини функционери.
ДУИ и СДС имаат полна уста со европски вредности, а во реалноста нивните џебови се полни со украдени европски пари. Зошто јавноста во Македонија за криминалот и корупцијата на власта освен од ВМРО-ДПМНЕ дознава од Брисел и Вашингтон, се наведува во партиското соопштение.

„Јавното обвинителство трае дури власта криминалот го прави. Наместо тие да ги гонат арамиите од власта, странски извештаи, мисии, комисии, институции го истражуваат криминалот во Македонија. Тоа само говори колку е уништен правосудниот систем во Македонија со оваа власт на ДУИ и СДС“ – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести