Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека трагичен е фактот што расипничката и неспособна власт се гордее и смета дека постигнала огромен успех во сите области со растот на БДП од незначителни 0.1%. Од таму велат дека тоа покажува колку нема капацитет во владиниот економски тим за да се стори било што од полза на граѓаните и државата.
-Тешка криза и се заканува на Македонија со црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски кога сметаат дека нешто сработеле со срамниот раст на БДП. Економијата доживува колапс, криминалниот картелот на власт и Зоран ЕВРО Заев не знаат да ја водат државата. Додека земјите од регионот и Европа бележат значителен раст, Република Македонија е убедливо на дното. Оваа е само уште еден показател дека картелот ниту знае, ниту умее, да работи. Живот дојде само за Зоран ЕВРО Заев, милионерот газда Кочо Анѓушев и групата блиска до нив, граѓаните очигледно се оставени само да преживуваат. Растот во првиот квартал од 2018 година во соседна Србија и во Словенија е 4,6% или за 46 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот на БДП во Бугарија е 3,5% или за 35 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот во Хрватска е 2,5% или за 25 пати поголем споредено со нашиот раст, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија велат дека загрижува и разочарува раст на БДП од 0,1 % кога во исто време стапката на инфлација изнесува 1,5 што значи дека граѓаните се се посиромашни од минатата година.
-Економијата е погодена од економското цунами предизвикано од ЕВРО Заев. Градежништвото кое е мотор на економијата и кое влече 20 – тина попратни гранки е во пад од 37%. Додека гранката на иднината секторот информации и телекомуникации бележи пад од 7%. Катастрофата во економијата се чувствува насекаде, а неа најмногу ја чувствуваат граѓаните, кои со се помали плати плаќаат се поскапи продукти. Додека целата економија е во општ пад, процентот на бруто инвестициите бележи пад од 9%. Додека состојбата во економијата е безнадежна, а граѓаните живеат во беда и сиромаштија, личните бизниси на криминалниот картел цветаат. Со ова Заев, Анѓушев и Тевдовски создаваат апатија во економијата. Оваа црна тројка е природна катастрофа за Република Македонија и затоа мора да се запре. Овој криминален картел мора да замине час поскоро, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат подобро.