петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева е рекетарот на Заев, Русковска и Јовевски и натаму се ставаат во заштита на криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева е рекетарот на Заев, Русковска и Јовевски и натаму се ставаат во заштита на криминалот

Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев. Цела македонска јавност знае дека главата на октоподот е единствениот аболициран премиер во Европа. Русковска и Јовевски и натаму се ставаат во заштита на криминалот, во заштита на Зоран Заев кој е на чело на операцијата за рекетирање на политичари, бизнисмени, македонски граѓани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите слушнаа како Боки 13, го споменува името на Зоран Заев во една од аудио снимките на „Ла Верита“ и како тоа тој нема да прави проблеми за рекетот. Сите слушнаа како Боки 13 откако рекетира, заминува на средба со Заев. Сите освен Русковска и Јовевски кои на прес конференција лажеа и тврдеа дека нема вмешано политичари во аферата „Рекет“.  Што се случи со Коки, Кики, Фрики, Шеки и останатите членови на рекетарската банда, што се случи со градоначалниците на СДСМ кој потпишуваа меморандуми за соработка со невладината организација на чие чело беше Боки 13, а за која сега постои основано сомневање дека служела за перење пари, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: Дали „истрагата“ на Русковска не се проширува бидејќи и самата знае дека доколку истата ги зафати пипците на октоподот, ќе се стигне до главата?

-Зошто Русковска упорно го штити и амнестира Зоран Заев? Правда во Македонија одамна нема, правната држава ја укина човекот кој никогаш не се соочи со правдата, човекот кој три пати е амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев.  Но, вистината секогаш излегува на виделина, Зоран Заев е спремен да ги предаде своите најблиски соработници за да купи уште малку време, за да краде и рекетира. Деновите во премиерската фотелја му се избројани. Граѓаните ќе ја казнат оваа криминална рекетарска банда на чело со Зоран Заев, а тогаш ќе одговара за сите злодела и криминали, а ќе одговараат и оние кои се ставија во заштита на криминалот, наместо да го гонат истиот, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести