Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, ја зароби државата. Правосудниот систем е под целосна контрола на власта. Институциите наместо по закон, работат по диктат на картелот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Зоран Заев се стави над правосудниот систем и најавува судски пресуди, иницирани преку својата продолжена рака за прогон СЈО, уште пред тие да бидат донесени. Ова е апсолутен доказ дека правосудството е под целосна контрола на картелот и игра по нотите на Зоран Заев. Ова е втор пат како Заев најавува, а правосудните органи извршуваат. Заев уште во февруари 2016 година од партиски митинг на СДСМ најави дека СЈО ќе почне со истраги и притвори против неговите политички противници. СЈО испорача, а сега Заев најавува пресуди, уште пред да бидат завршени рочиштата, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Катица Јанева и судиите се безпоговорни извршители на политичките нарачки на Зоран Заев.
-Граѓаните деновиве видоа и колку чини едно политичко нарачано обвинение. Зоран Заев ја предложи сестрата на Катица Јанева, за потпретседател на Комисијата за хартии од вредност. Зоран Заев, кој е премиер на државата и кој според функција не смее да има допир со судскиот систем, го најавува идното делување на судот. Ова е преседан во европски рамки. Заев покажува дека Република Македонија нема независно судство, Заев докажа дека правосудниот систем е целосно зависен од него лично. Правниот систем е деградиран. Правната држава урнисана. Не се почитуваат законите, нема правда за граѓаните. Оваа злоупотреба на институциите мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро, заклучуваат од партијата во своето соопштение.