Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше прес конференција каде што нагласи дека четвртиот сет на мерки препорачани од Владата на Заев се единствено обична сламка за спас. Сламка за спас за мафијата на Заев. Овие мерки нема да допринесат ништо добро за граѓаните на Република Македонија.
Мицкоски посочи дека досегашните три пакети на мерки се лошо насочени и недоволни за да ги амортизираат негативните ефекти од кризата, и нивната единствена цел за жал е предизборен институционален поткуп.
„Потврда за тоа е фактот што покрај платежните картички кои служеа за изборен поткуп, манипулација, најголем дел од мерките за поддршка на стопанството и економијата останаа нереализирани“, појасни Мицкоски.
-Ќе ги споменам оние картички кои што се исклучително квалитетен метод и принцип на институционален поткуп кои што досега функционираше кај Зоран Заев иако тие имаа други три цели, ниту една од тие три цели не беше исполнета, беше исполнета само една цел која не е предвидена во овие прес конференции, а тоа институционален поткуп на граѓаните, сега тие картички се намалени од 9.000 денари на 6.000 денари, со главен акцент и фокус на луѓето кои земаат пензија, а таа пензија е под 15.000 денари, истакна Мицкоски.
Мицкоски потсети дека Заев брутално со интервенција во законот им ги намали пензиите на стотици илјади пензионери, а денеска се обидува да се прикаже како милосрден.
-Пензионерите знаат точно колку во минатото им беше украдено од страна на Зоран Заев и Владата која тој ја предводеше и ваквиот мафијашки начин на однесување ќе биде брутално казнет од страна на тие исти луѓе, рече Мицкоски.
Поради неспособноста на оваа власт Македонија е на историски највисоко ниво на задолженост без фискален простор за поттикнување на идниот економски развој. Македонската економија со владата на Заев нема капацитет и системски пристап за справување со кризата, ниту економска стратегија за иднината, а ја очекуваат вистински црни денови.