понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ќе објави документи: „Oд Ковачевски нема одговори зошто дезертирал од АРМ и дали е трајно неспособен“

ВМРО-ДПМНЕ ќе објави документи: „Oд Ковачевски нема одговори зошто дезертирал од АРМ и дали е трајно неспособен“

Откако поминаа скоро 10 часа од објавувањето дека Димитар Ковачевски дезертирал од армијата на Република Македонија, прогласувајќи се за трајно неспособен, од премиерот нема одговор- се крие, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се уште нема одговори на прашањето дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите? Доколку дезертерот Ковачевски бил трајно неспособен да отслужува војска и да ја брани државата, тогаш како е способен да биде премиер? Има повеќе од 12 часа да и одгововори на македонската на овие прашања, велат од партијата.

„Утре во 11 часот следат документи, а ние, но и целокупната јавност до тогаш очекува одговори од дезертерот Ковачевски“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести