среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски има проблем со реалноста – Македонија е во економска и социјална катастрофа и затоа катастрофално ќе изгуби на избори

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски има проблем со реалноста – Македонија е во економска и социјална катастрофа и затоа катастрофално ќе изгуби на избори
МИА

Ковачевски очигледно има проблем со реалноста. Розовите очила му сметаат да види дека Македонија е пред економски и социјален колапс поради лошите политики на неговата влада. Македонија има најниска стапка на раст на БДП според прогнозата на Светска Банка, а од нас полошо ќе ја завршат годината само Русија и Украина. Македонија и една од највисоките стапки на инфлација која последниот месец достигна 20% што е убедливо најлош резултат во споредба со земјите од регионот, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Димитар Ковачевски.

Од партијата посочуваат дека Македонија е во топ 10 земји во светот според стапката на инфлација на прехранбените производи, што е уште еден показател дека кај нас како никаде на друго место граѓаните осиромашуваат.

– Македонија е на дното по странски инвестиции во споредба со земјите од регионот, односно кај нас дошле, два до три пати помалку странски инвестиции по глава на жител во споредба со Албанија, Србија и Косово. Македонија е земја во која владата нема пари за инфраструктура, земјоделство, образование, стопанство, ама затоа има да исплаќа милиони за функционери паразити. Ете ова е реалноста од владеењето на Ковачевски. Ковачевски може да бега од избори, ама нема да избега од изборниот пораз. Граѓаните катастрофално ќе го казнат за неговото катастрофално владеење, се додава во партиската реакција.

Најнови вести