понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски лаже кога вели дека ВМРО го променило ставот

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски лаже кога вели дека ВМРО го променило ставот

Ковачевски лаже. Ковачевски лажеше кога го прифаќаше францускиот предлог. Ковачевски лаже кога вели дека ВМРО го променило ставот, се вели во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ставот на ВМРО е непроменет од самиот почеток. Промена на устав и вклучување на дел од бугарскиот народ во преамбулата според бугарскиот диктат нема да има. Промената може да биде ефективна само со завршување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, што практично би било кога Македонија ќе стане земја членка на ЕУ. Промена на устав заедно со членство во ЕУ. НЕ за бугарски диктат. Ковачевски лаже веќе една година дека обезбедил 2/3 за гласање на уставните измени според бугарски диктат. Димитар Ковачевски е големо разочарување и за меѓународната заедница, но што е поважно и за граѓаните во Македонија. Ковачевски има историска шанса да прифати единство во преодна влада без ДУИ. Ковачевски има историска шанса да прифати еден од двата предлога што ги доби на лидерската средба од претседателот Мицкоски. Времето е скапоцено и изминува, потребна е одговорност и обединување околу македонските национални интереси или час поскоро избори, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Неприфаќањето на предлозите на ВМРО може да е само поради две причини. Првата СДС не сака ДУИ да оди во опозиција. Втората е дека СДС врши предавство на националните интереси, додваат од опозициската партија.

Најнови вести