Во ВМРО-ДПМНЕ има нова генерација, а Ковачевски остана пиун на Заев, денес гласаа против повисоки плати и пензии, реагираат од опозициската партија.
-СДСМ да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за повисоки плати во јавниот сектор и пензии. ВМРО-ДПМНЕ предлага покачување на пензиите за 20%, со тоа пензионерите ќе се заштитат од економскиот удар и покачените цени. Ковачевски бега од Декларацијата за Гоце Делчев, СДСМ ги минира македонските црвени линии со тоа што не се откажува од заевизмот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата му порачува на Ковачевски да не бега и да ја прифати Декларацијата за Гоце Делчев.
-Доколку Ковачевски стои зад македонските црвени линии, нема причина зошто да бега од Декларацијата. Тоа што Ковачевски бега од Декларацијата покажува дека тој не е сигурен во себе, и во тоа што преговара. Ковачевски не смее да се обврзе за заштита на Делчев, и тоа индицира дека тој работи на штета на интересите на државата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Време е СДСМ и Ковачевски да дојдат со народот, наместо да стојат наспроти него. ВМРО-ДПМНЕ подава рака за национално обединување кога се во прашање државните и национални интереси и нивна заштита“ – се вели во партиското соопштение.