сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски за власт во Град Скопје е на ланец на Левица, заедно делат функции и власт

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски за власт во Град Скопје е на ланец на Левица, заедно делат функции и власт

Ковачевски за власт во Град Скопје е на ланец на Левица, заедно делат функции и власт, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Коалицијата на Ковачевски со Левица, чиј заложник е веќе, е коалиција за бизнис зделки и тендери. За да може да управува со Градот и претпријатијата каде има директори, Ковачевски е во коалиција со Левица. Директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е Снежана Стојчевска од Левица. Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица. Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица. Заменик директор на „Градски паркинзи“ е Сенада Ибраимова од Левица, велат од партијата.

Од таму додаваат дека оваа коалиција на СДС и Левица е факт во голем број други општини низ Македонија. Интересот и функциите се тие што ги сврзуваат СДС и Левица.

„Бледи се обидите на СДС да се оддалечи од Левица, кога заедно делат власт“, велат од партијата.

Најнови вести