среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува нападот на телевизиските екипи на ТВ21: Власта вчера посегна по медиумите

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува нападот на телевизиските екипи на ТВ21: Власта вчера посегна по медиумите

Слободните медиуми се нужност на секое општество. Власта вчера посегна по медиумите и оневозможи телевизиска екипа непречено да си ја врши својата работа. Тоа е преседан и недозволиво. Пендаровски и Заев не смеат да се кријат зад насилниците кои по нивна нарачка шиканираат медиуми, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашниот напад на телевизиските екипи на ТВ21 истото е чин на примитивизам и не му доликува на македонското општество. Независното новинарство е придобивка на 21 век и власта не смее да се дрзне истото да го суспендира. Стево Пендаровски е се понервозан. На вчерашната дебата и самиот тој призна дека нема трпение, ваквата нервоза кај Пендаровски е поради се послабиот рејтинг и неминовниот изборен пораз. Соочени со поразот СДСМ тоне уште повеќе, па ангажира партиски членови кои од партиски собири се закануваат дека во ДИК ќе влезат со пиштол, а при тоа никаква реакција од безбедносните служби, истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Република Македонија е соочена со политизирани безбедносни служби.

-Токму затоа е потребно повторно воведување на принципите на правната држава и владеењето на правото. Гласот за Гордана Силјановска Давкова е глас за Македонија, за право и правдина, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести