Народот крена глас против Филипче и Заев и нивните фашизоидни и дискриминаторски мерки. Народот излезе на улица, ама Филипче и Заев ништо не ги интересира. Ниту следат искуства од светот, ниту размислуваат како да пролагодат на приликите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочваат дека Заев и Филипче народот пак воопшто не го слушаат.
-Доцнеа со подготовка на здравствениот систем, кој пак се уште не е подготвен ни за 4-тиот бран. Бројките на заболени вртоглаво растат, а има веќе и по 10-тина починати на ден. Од Филипче и Заев одговори не се чекаат! Само да заминат од функциите и да се спаси народот, се вели во партиското соопштение.