петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„ВМРО-ДПМНЕ не е истражен орган, но очигледно партијата на премиерот во заминување Заев е“

„ВМРО-ДПМНЕ не е истражен орган, но очигледно партијата на премиерот во заминување Заев е“

ВМРО-ДПМНЕ не е истражен орган но очигледно партијата на премиерот во заминување Заев е. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите надлежни институции да го истражат случајот поради кој се упадна во четвртокот во домот на пратеник на денот кога требаше да се гласа за недоверба на владата, реагираат од партијата.

-Истиот ден кога власта упадна во домот на пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ исто така се дрзна и да киднапира пратеник. И тоа е се со цел луѓето на премиерот во заминување Зоран Заев да останат некој ден повеќе на власт и да имаат можност да направат уште некој криминал.

Го повикуваме обвинителството да го испита случајот, а партијата на премиерот во заминување да побара расветлување на низа други криминални случаи каде постојат вистински докази, како што е случајот рекет и тврдењето дека парите завршиле кај Вице и Зоран Заев.

Додека Славјанка беше државен секретар во МВР, Спасовски издавал пасоши на мафијаши низ целиот свет. Кога СДСМ ќе побара расветлување на овие случаи?

Граѓаните му порачаа крај на Зоран Заев на локалните избори.

Наместо Славјанка Петровска да шири лаги преку прес конференции, нека го повика Зоран Заев да си ја оствари ветената оставка.

Крајот на СДСМ е се повидлив. За сите криминали и невистини премиерот во заминување Зоран Заев ќе одговара, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести