сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорно е што власта ги тера учениците на настава со физичко присуство

ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорно е што власта ги тера учениците на настава со физичко присуство

Огромниот број на смртни случаи од КОВИД одат на совеста на неспособната влада на СДСМ и ДУИ. Само во текот на вчерашниот ден како последица од КОВИД заболување животот го загубиле 26 лица, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Над 8.000 луѓе, колку што жители има едно Крушево, Берово или Кратово починале откако почна пандемијата. Власта прво не набави вакцини, туку бркаше провизии, и половина година народот немаше каде да се вакцинира па одеше во земјите од соседството. Откако се набавија вакцини продолжи негрижата преку монтирање на картонски болници, од кои една изгоре и одзема живот на 14 наши сограѓани, случај за кој до денес нема одговорност, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат: „Во текот на целиот период на пандемијата власта се однесува неодговорно. Неодговорна е и сега кога учениците наместо со онлајн настава, ги тера на настава со физичко присуство“.

Најнови вести