петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Поради Заев за 4 години Македонија падна 15 места на листата на Херитиџ за економски слободи

ВМРО-ДПМНЕ: Поради Заев за 4 години Македонија падна 15 места на листата на Херитиџ за економски слободи

Поради Заев за 4 години Македонија падна 15 места на листата на Херитиџ за економски слободи. Од 31 место во 2017 година, Македонија е сега рангирана на 46 место на листата за економски слободи во друштво со Руанда и Колумбија. Херитиџ нотира дека власта е во црвена зона во делот на интегритетот на владата и судскиот систем. Буквално власта има единица во овој дел, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пад во однос на минатите години имаме и на полето на слобода на работниците и слободната трговија. Буквално Херитиџ кажува дека сега е потешко да се води бизнис во Македонија за разлика од порано. Времето за отворање на фирма е многу подолго што е одлика на бирократизација на системот кој му служи само на Заев, а е нефункционален за се друго, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека лошите оценки на Херитиџ се лош имиџ за Македонија и ќе го одвраќаат секој можен инвеститор.

– Секој сериозен инвеститор пред да се одлучи да ја запознае земјата одблиску гледа што за неа кажуваат мерењата на Херитиџ, Економист, Транспаренси Интернешенал. Време е ова да се смени. Време е Македонија да тргне напред. Време е за Македонија за сите луѓе, додаваат.

Најнови вести