среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството е под јаремот на СДСМ

Правосудството е под јаремот на СДСМ. Судовите надвор од правната логика ги одложуваат рочиштата на Заев и за повеќе од еден месец, додека експресно процесуираат предмети против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството е под јаремот на СДСМ

-Десетици учесници во настаните од 27-ми април, уметници и пратеници неосновано се ставени во притвор. Додека премиерот е целосно недопирлив за правосудните органи. Притисокот не запира кај органите за прогон и пресудување, туку продолжува и во установите за притвор. Притворените се изложени на нехуман однос, престојуваат во ќелии со температури под нулата, полни со мувла и со неисправни прозорци во сред декември. Презумпцијата на невиност овде е непознат поим. Правата на луѓето во истрага неоткриена категорија, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека прогонот кој се врши е невиден за демократска Европа. Човековите права гаранитрани со Европската конвенција за човековите права се кршат на секој чекор. СДСМ ги зароби институциите. На удар е секој еден граѓанин.

-Овој прогон мора да запре. Македонија мора да стане демократска држава, со цврсто загарантиран принцип на владеење на правото, потенцираат од партијата.

Најнови вести