петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска со затворањето на штурата и контролирана истрага за случајот „Рекет” потврди дека е обичен пиун и работи под диктат на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска со затворањето на штурата и контролирана истрага за случајот „Рекет” потврди дека е  обичен пиун и работи под диктат на Заев

Право и правдина во Република Македонија нема. Контролата на Заев врз судството и обвинителството ги амнестира вистинските криминалци во Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста.

-Русковска и официјално денеска со затворањето на штурата и контролирана истрага за случајот “Рекет” потврди дека е еден обичен пиун и работи под диктат на Зоран Заев. Затворањето на непрофесионалната истрага после пет месеци јавен циркус кој го следеше целата јавност е најголем доказ дека Русковска имаше една единствена цел, да ги скрие нарачателите и вистинските рекетари. Нерасчистувањето на инволвираноста на Кики,Фрики,Шеки,Баки и останатите фрла сомнеж дека и Русковска е соучесник во целиот случај “Рекет”, додаваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека сите знаат дека Боки 13 и Катица Јанева не рекетирале сами и дека имале поддршка од раководни лица од власта.

-Правда во Македонија мора да има. Вистината ќе излезе на виделина и сите инволвирани еден ден ќе одговараат по сите основи за сите сторени кривични дела и во случајот и во постапката, стои во нивното партиско соопштение.

Најнови вести