петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Арсовска го заглавија Град Скопје во криминал и корупција

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Арсовска го заглавија Град Скопје во криминал и корупција

СДС и Арсовска го заглавија Град Скопје во криминал и корупција. Само два месеци откако ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се разделија, Арсовска нема област каде има напредок. ЈСП остана без плати, и само иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ ги спаси вработените и овозможи исплата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и Арсовска го тонат Скопје.

Тоа што го прави СДС на централно ниво, сега Арсовска го прави на ниво на Град Скопје.

На народот му е преку глава од циркусот на власта и Арсовска. А последно во низата се и лажните дојави за бомби во Скопските училишта, кои МВР и по две недели не може да ги расчисти. Што да очекуваме кога МВР ќе има посериозни предизвици?

Наместо да се препукуваат со соопштенија кои им се договорени, на една од тајните средби на Арсовска со Ковачевски и Зечевиќ, нека се зафатат со работа. Скопјани очекуваат проекти, за кои Арсовска ја доби поддршката“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести