четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е киднапирана од Заев, тој го губи тлото под нозе како што наближува поразот на изборите

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е киднапирана од Заев, тој го губи тлото под нозе како што наближува поразот на изборите

Зоран Заев ја има киднапирано СДСМ. Тоа го кажуваат и неговите сопартијци. Во СДСМ со Заев нема ниту демократија, ниту поинакво мислење, ниту почитување на интегритетот на личноста. Се е подредено на бизнис интересот на мафијата околу Заев, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев.

– Затоа Заев ги трга сите оние кои размислуваат поинаку од него и за градоначалници кандидира или роднини или бизнис партнери на членовите на мафијата. Тоа е знак на очај и страв од очигледниот пораз. Заев веќе не верува во никого, туку само на лицата блиски до неговата мафија. Султанот Заев го исклучи Максим Димитриевски, а во Куманово го кандидира братучедот на Оливер Спасовски или пак во случајот со Битола го кандидира Христо Кондовски Стентоно кој е кандидат затоа што е бизнис партнер со Вице Заев. Заев го губи тлото под нозе, како што наближува поразот на изборите. Ова се чекори на очаен лик кој станува свесен за својот политички крај, посочуваат од партијата.

Најнови вести