СДСМ ја потценува интелигенцијата и помнењето на граѓаните и со манипулации бега од предизборните ветувања. Неспособниот Сугаревски сега се обидува да ги порекне ветувањата запишани во предизборната програма на СДСМ како и во програмата на владата предводена од Заев. За да ги добијат гласовите ветуваа 600 километри автопат, а сега кога се гледа дека се неспособни да изградат макар еден километар, виновни им се граѓаните бидејќи лошо разбрале, ова преку соопштение го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Политиките и програмата на оваа неспособна влада за само една година доживеаја вистинско фијаско. СДСМ и Заев во предизборието на граѓаните им ветуваат изградба на шестотини километри автопат како и 550 километри магистрални и регионални патишта и 1.000 километри локални патишта. И ова ветување на СДСМ и Заев се покажа како една огромна лага. Граѓаните по кој знае кој пат се уверија дека на зборот на СДСМ и Заев не може да му се верува, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека бројките не лажат. Бројките велат дека владата на СДСМ и Заев за првите 3 месеци реализирала катастрофални 7.5 проценти од капиталните инвестиции за 2018 година. Ова е најдобар показател за неспособноста на оваа влада.
-Додека нема никаква реализација на капитални инвестиции и владината програма на полето на инфраструктурни проекти, црното економско трио составено од Заев, Тевдовски и Анѓушев ја движи Македонија кон должничко ропство. Цената за расипничкото трошење ќе ја плаќаат не само сегашните туку и идните генерации граѓани на Република Македонија. За само три месеци од новата година владата на СДСМ ги задолжи граѓаните за неверојатни 300 милиони евра, јавниот долг ја надмина границата на 5 милијарди евра, а државниот долг ја надмина границата од 4 милијарди евра. СДСМ ја закова Македонија на дното според макроекономските показатели во регионот и во Европа и е одговорна за стагнацијата на македонската економија во 2017 година кога растот на БДП изнесуваше 0%. Со вакви катастрофални економски политики, катастрофална реализација на капитални проекти и расипничко трошење македонската економија се движи кон целосен крах. Ова лудило мора да запре, а ова економско цунами мора што поскоро да си замине, велат од ВМРО-ДПМНЕ.