среда, 1. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со Заев е губитник на изборите, секој ден по една партија излегува од коалицијата

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со Заев е губитник на изборите, секој ден по една партија излегува од коалицијата

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека секој ден Заев го напуштаат се повеќе коалициски партнери и поддржувачи.

-Последната кандидатура на Бени Шаќири како кандидат на ЛДП и ДОМ е уште еден доказ дека сите бегаат од Заев. Самостоен настап најави и БЕСА и бошњачкиот парнер, а како независни кандидати ќе одат Максим Димитриевски и Зоран Ногачевски. Членството на СДСМ самото говори дека со Заев нема демократија, а партијата ја претворил во приватна фирма која има задача да ги исполнува мафијашките и бизнис интересите на кланот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека поради тоа како кандидати нуди или истрошени кадри докажани во својата неспособност или лица блиски до мафијата на власт како во случајот со роднината на Оливер Спасовски за Куманово или бизнис партнерот на Вице Заев за Битола.

Ете затоа расте нервозата во СДСМ, ама кај да е ќе им помине, после очигледниот пораз.

Најнови вести