среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е фараонот на лажните ветувања

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е фараонот на лажните ветувања

Петре Шилегов пред 4 години кога лажно ветуваше кули и градови се правеше фараон. Граѓаните ги паметат ветените мостови, зип-лајн, тунел, реконструкција на езерото Треска и какви не други капитални инвестиции, кои останаа мртво слово на хартија, стои во реакцијата на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје на изјавата на Петре Шилегов.

Од советничката група велат дека целиот овој мандат како фараон трошел скоро пола милијарда евра а немаме едно капитално нешто кое што ќе остане.

– Граѓаните од фараонот Петре не очекуваа пирамиди, туку очекуваа да го направи барем пола од тоа што го вети. Шилегов стана фараонот на лажните ветувања. Лагата, неспособноста и неработењето се неговиот белег кој тој ќе ја остави зад себе, додаваат од советничката група.

Најнови вести