среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозен и примитивен е односот на Талат Џафери, пцовките и навредите за вработените се недозволиви, оставка веднаш!

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозен и примитивен е односот на Талат Џафери, пцовките и навредите за вработените се недозволиви, оставка веднаш!
МИА

Скандалозен и примитивен е односот на Талат Џафери, пцовките и навредите за вработените се недозволиви, оставка веднаш! Кога крими коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги вреѓа и со најпогрдни пцовки малтретира вработените во собранието.

Односот на Џафери кој може да се слушне во видео материјал објавен во медиумите е скандалозен, примитивен и целосно недозволив.

Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и народот воопшто. Тие вработени кои Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници.

Талат Џафери е пример за примитивизам и политичар кој треба да биде минато. Ова не смее никогаш повеќе да се повтори.

Оваа аудио снимка од која се слуша примитивизмот на Џафери е доказ зошто СДСМ и ДУИ мора да заминат во опозиција и зошто мора да има предвремени парламентарни избори час поскоро“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести