Договорот за промена на името за кој Заев фрла милиони евра за промоција е капитулантски и во целост на штета на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Според капитулантскиот договор Република Македонија го менува името, јазикот, идентитетот, културата, историјата и традицијата. Тоа е најнегативниот договор за македонскиот народ и држава некогаш потпишан од Македонци. Зоран Заев и владата наместо да фрлаат милион за промоција на овој капитулантски договор, парите да ги пренаменат за изградба на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. ВМРО-ДПМНЕ средствата за кампања кои ни следуваат ќе ги донира, очекуваме тоа да го направат сите политички субјекти. Наместо промоција на штетни договори кои и носат само штета на државата, да направиме нешто полезно за општеството и граѓаните, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Република Македонија во 21 век има потреба од инвестиции, силна економија, технолошки развој и услови за развој како во западните држави, тоа треба да биде целта кон која ќе се стремиме.
-Овој капитулантски договор не ни гарантира ништо од тоа. Со овој капитулантски договор Република Македонија само тоне. Заев и СДСМ мора да си заминат. Република Македонија заслужува подобро, порачуваат од партијата.