вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ со предупредување до Заев: Да не помисли да ги ослободува терористите од Диво Насеље

ВМРО-ДПМНЕ со предупредување до Заев: Да не помисли да ги ослободува терористите од Диво Насеље

ВМРО-ДПМНЕ го предупредува Зоран Заев да не помисли да ги ослободува терористите од Диво Насеље. Обврските што ги има преземено Зоран Заев преку платформата потпишана во Тирана не може и не смеат да бидат никаков аргумент за да им се обезбедува алиби на терористите кои убија осуммина припадници на македонските безбедносни сили, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ смета дека нашите правосудни органи имаат капацитет да изречат праведна пресуда, доколку бидат ослободени од притисоците од криминалниот картел предводен од Зоран Заев и неговите индиректни закани кон нив дека нивното одлучување ќе одело на меѓународна експертиза, стои во реакцијата од партијата и се додава:

„Овој случај е јасен како ден. Ова е само нов обид на Зоран Заев да политизира трагедии исто како во случајот со убиените момчиња кај Смилковско Езеро. Ако во минатото ги манипулираше родителите на монструозно убиените деца, сега тоа сака да им го направи на родителите, сопругите, децата и роднините на херојски загинатите припадници на безбедносните сили во акцијата во Куманово пред 3 години“.

Најнови вести