Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека средишниот дрворед по булеварот Партизански одреди, и 40.000м2 зеленило ќе бидат уништени како последица на БРТ на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Од партијата истакнуваат дека под постојана закана ќе биде и водоснабдувањето на Скопје, чија главна цевка, во големина од 1 метро и 60 сантиметри минува на 2 метри под средишното зеленило на булеварот Партизански одреди.
-И најмали осцилации можат да ја оштета и да предизвикаат пукање. Имајќи ја во предвид големината на истата и големиот притисок, штетите во минута ќе бидат огромни. Дополнително БРТ не е превоз за мали градови како Скопје, тој се користи за градови како Истанбул и Мексико сити, каде растојанието од едниот до другиот крај на градот е и до 180 километри. Автобуските постојки кај истиот се поставени на поголемо растојание и со цел да се овозможи брз излез и влез на секоја постојка има натпатници. Во Скопје е проблем што растојанието е мало, а ќе треба да се намали бројот на постојки, со тоа граѓаните ќе добијат нефункционален транспорт, каде за да стигнат од една до друга постојка ќе треба да поминат големо растојание, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат Шилегов наместо да продава скапи проекти, кои не се за град како Скопје нека направи две подземни раскрсници, и раскрсници на повеќе нивоа, и целиот проблем со метежот во Скопје ќе биде решен во целост.