четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Улогата на Заев во криминалот станува јасна за целата јавност, освен за Вилма Русковска

ВМРО-ДПМНЕ: Улогата на Заев во криминалот станува јасна за целата јавност, освен за Вилма Русковска

Второ сведочење во кое што Зоран Заев е директно споменат како глава на политичко-обвинителско-медиумскиот октопод. Втор пат јасно се гледа поврзаноста на Зоран Заев со Боки 13 и нивната координираност во собирањето рекет, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Втор пат по ред се потврдува дека Зоран Заев бил во тек со се. Улогата на Заев во криминалот станува јасна за целата јавност, освен за Вилма Русковска која се очекува пак да негира дека бил споменат и да ги прикрива теагите што водат кон него. Зоран Заев од ден во ден се повеќе тоне. Во Република Македонија единствено блескаат криминалот, рекетот и изневерените очекувања. Власта наместо да се бори против криминалот, го штити. 4 месеци се развлекува истрагата за случајот Рекет. ЈО ги затвори само директните извршители, а за главата на октоподот се уште нема ни истрага. Додека криминалот царува. Граѓаните гладуваат. Земјоделците плачат и немаат каде да го продадат произведеното. Нема ниту откуп, ниту субвенции, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека бизнисмените се рекетирани, а работниците се измачувани.

-Нема развој. Имаме само стагнација. За 7 месеци од годината немаме ниту 1/4 од годишно планираните капитални инвестиции реализирано. Нема нови проекти. Нема напредок. Буквално целата држава е по јаремот на власта. Времето на оваа власт проаѓа. Одговорност за недомаќинското работење и стагнацијата ќе има. Предвремени избори веднаш, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести