четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на ИК ќе расправа за ставот на Заев и Резолуцијата која ја одбива

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на ИК ќе расправа за ставот на Заев и Резолуцијата која ја одбива

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на Извршниот Комитет ќе расправа за ставот на Зоран Заев кој првично ја прифати Резолуцијата таква каква што е, а сега ја одбива, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од таму велат тоа покажува дека Зоран Заев бара формална пречка за нејзино неносење, за да има простор да се пазари со идентитетските прашања и точките од најголемо од национално и државно значење.

Отворањето на теми што не делат во однос на Резолуцијата, ја ослабнува македонската позиција во однос на позицијата кон Бугарија.

Задача на владата во однос на ова прашање е да не обединува, а не да не разединува, велат од партијата на Мицкоски.

Текстот на резолуцијата е напишан од врвните научни и образовни институции, УКИМ и МАНУ.

Најнови вести