недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Црвенковска освен партијата СДСМ, ги поврзува и замешеталството во пропаѓањето на Еуростандард

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Црвенковска освен партијата СДСМ, ги поврзува и замешеталството во пропаѓањето на Еуростандард

Сопругот на Павлина Црвенковска ново назначената претседателка на Судски совет, исто како и Заеви преку неговата фирма земал кредит од Еуростандард банка, и не го вратил, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Покрај тоа што истата била шеф на кабинет на Бучковски и функционер во владите ма СДСМ, Црвенковска има уште една поврзаност со врвот на СДСМ. Црвенковска не е и не може да биде непристрасна затоа што е партиски функционер од СДСМ кој низ годините била на високи позиции. Црвенковска никогаш не била судија, а треба да оценува судии. Небулозите на СДСМ немаат граници, велат од партијата.

Од таму додаваат дека ја повикуваме ДКСК да го забрза случајот со Црвенковска, а ЈО да отвори случај за можни злоупотреби.

-Црвенковска да си даде оставка. Нејзиниот кредибилитет е нарушен, а со тоа и се доведуваат под знак прашалник сите нејзини одлуки, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести