Зоран Заев и СДСМ преку своите инсталации и партиски активисти во РКЕ ја поскапуваат струјата, а со тоа го осиромашуваат народот. Марко Бислимоски е само фигура преку која говори Заев и неговиот бизнис интерес. Бислимоски не е независен, тој е активист на СДСМ. И за тоа постојат фотографии од кои се гледа како тој со поширокото раководство прославува во централниот штаб на СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на партијата:
Бислимовски не е единствениот член на РКЕ од редовите на СДСМ. Заев во РКЕ ги згрижил буквално луѓето од најголема доверба, како Панче Орцев, поранешен пратеник од Струмица и бизнис партнер на Заеви.
Бислимоски и Орцев, кои се партиски луѓе на СДСМ не можат да бидат независни. Тие се истурени играчи на Заев, кои му служат на неговиот интерес.
Бислимоски и Орцев од Регулаторна се партиски инсталации на Заев во Регулаторна со која ја покачуваат цената на струјата и го осиромашуваат народот
Бислимоски и Орцев преку РКЕ ја поскапуваат струјата за да можат Заеви преку универзалниот снабдувач да испумпуваат десетици милиони евра преку тендери за обезбедување, кои ги добива една струмичка агенција за обезбедување.
И додека народот плаќа поскапа струја камиони со струмички таблици возат за РЕК Битола и по 30 часа на ден, буквално СДСМ бара начин плус како да се испумпаат парите на граѓаните код државните сметки во нивните приватни џебови. Затоа се поскапува струјата. За пари и за богатење на власта.
Крадењето на народот мора веднаш да запре.
ВМРО-ДПМНЕ испорача 3 барања, кои очекуваме мафијата на власт да ги прифати за доброто на народот во најбрз можен рок.
- Враќање на старата цена на електричната енергија. Наместо да му овозможувате вонреден профит на универзалниот снабдувач, да се намали процентот.
- Воведување на неделен викенд без данок на додадена вредност. Народот очекува 18% проценти помали цени преку викенд.
- Професионализација на Регулаторната комисија за енергетика, со цел воспоставување на систем и фер цени на електричната енергија.
Народот бара власта да работи за него, а не против него. Народот бара власта да не се богати на негов грб.
Владата мафијата и криминалот кои се едно исто во Македонија мора да паднат.