„Зоран Заев вчера кажа дека знаел за Еуростандард банката веќе година дена. Министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека не знаела ништо. Ова е огромен скандал. И манипулација со граѓаните.
Кој лаже Заев или Нина?!
Доколку Нина навистина не знаела, тогаш во кое својство Заев знаел и како оделе податоците до него, кога директен учесник во процесот на макроекономијата е министерството за финансии.
Нина манипулира и ја лаже јавноста.
Нина знаела и била должна да знае, согласно функцијата која ја извршува. Самиот факт што ги повлекла парите предвреме е доказ за тоа.
Нина Ангеловска мора да сноси одговорност.“
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ