Заев одби единство во разговорите, за да сега со осудениот криминалец Бучкоски ја продаваат Македонија
„Тандемот лепливи прсти“ Заев – Бучковски кој ја раскрчми Македонија сега ќе решава за македонскиот јазик, идентитет и историја, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Бучковски на јавноста и е познат како премиер кој својата политичка кариера ја заврши со политички договор за разрешница на аферата за тенковски делови. Бучковски Македонија го памети по продажбата на ЕСМ, милионите од Телеком и аферата „Бачило“. Во време на Бучковски во Македонија се случија многу криминали, но ниту една разврска, велат од партијата.
– Заев е човекот кој беше фатен со поткуп, вмешан е во Рекет 1 и 2, сели тендери за марихуана, и по струмичките камиони кои вртат во РЕК. Заев бира луѓе слични на себе. Затоа Бучковски ќе преговара за македонскиот јазик, идентитет и историја, затоа што исто како Заев се пазари и продава, но за жал евтино, а овој пат на продажба им е Македонија. Да не дозволиме да ја продадат државата! Излези на улица додека не е предоцна, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.