Зоран Заев призна, фирма на Вице Заев е вмешана во криминал тежок 200 милиони евра. Имено фирма каде Вице Заев е косопственик земала кредити од сега пропаднатата Еуростандард банка, тоа го призна лично Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека самиот Заев негирал првин дека фирми на неговото семејство се вмешани во скандалот со Еуростандард банка, за откако почнале да излегуваат сведоштва и докази да признае дека се дел од 200 милионската афера.
-Илјадници штедачи се уште ги чекаат своите пари, животните заштеди на некои луѓе пропаднаа преку ноќ, а фирми на Заев и ним блиски луѓе земале кредити без покритие. Заеви и ним блиски луѓе се богателе на сметка на штедачите чии пари ги нема, затоа што завршиле како пласирани кредити без покритие. Ова сведоштво на Заев е скандалозно само по себе. Заев доколку имаше грам совест после пропаѓањето на банката ќе си поднесеше оставка, но тоа не се случи затоа што партискиот и политичкиот интерес на Заев му се пред државниот. Одговорност за криминалот во Еуростандард банката, како и во сите криминали во овие 100 дена влада, но и пред тоа мора да има. За да има одговоеност, треба Заев човекот кој го држи системот заробен да си замине. Оставка на Заев, слобода на народот, се вели во соопштението на партијата.