Заев продолжува да ја погазува волјата на граѓаните. Иако над 1 милион и 200 илјади граѓани рекоа НЕ за промена на името, Заев не се откажува и со тоа директно ја крши волјата на граѓаните, стои во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Зоран Заев.
-Во оваа фаза договорот е чисто правно прашање, а како такво треба да се гледа низ призма на правото, законите и Уставот. Согласно правото договорот од Преспа е правно – политички мртов, тоа го кажа ДИК, но тоа го кажува и Уставот. Одењето спротивно е злоупотреба на власта. Зоран Заев наместо насилно да турка спроведување на договор кој е одбиен од граѓаните, треба да си даде оставка како што вети, и не само заради штетниот договор кој го склучи, туку и за руинираната економија, урнисаното здравство и омаловаженото образование. Република Македонија заслужува да тргне напред. СДСМ и Зоран Заев треба да си одат, потенцираат од партијата.