Заевци, Забрчанец и екипата диктирале вести за да ја сокријат бедата и криминалот на владата. Марјан Забрчанец и СДСМ вршеле притисоци врз медиумите и диктирале вести, ова е доказ за хибридниот режим на дело. Во писмото кое Бојан Јовановски го пишува до Заев тој јасно посочува дека добивал насоки за медиумското делување на 1ТВ од Марјан Забрчанец, советник на премиерот за медиуми и дека за тоа постојат докази во неговиот телефон, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Јовановски ја открива целата трулост на системот на Заев и дека сега квалификацијата хибриден режим станува се појасна.
– Заевци, Забрчанец и екипата диктирале вести за да го затскријат криминалот, да угушат секоја критичка мисла и да спречат да не излегуваат на виделина матните бизнис зделки полни со криминал и корупција. Не случајно угледниот магазин „Економист“ ја подредил земјата под владеење на Заев во групата држави каде владее хибриден режим. Контролата и притисокот врз медиумите се главен показател за заробеното општество, се додава во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ додава дека не може да има слобода во медиумите и демократија се додека е СДСМ на власт.
– Ова е уште една во низата причини зошто се потребни брзи предвремени избори, посочуваат од партијата.