вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот партискиот рекет го претвори во државен рекет на чело со АНБ и обвинителски структури

ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот партискиот рекет го претвори во државен рекет на чело со АНБ и обвинителски структури

Огромен скандал е што истражители на АНБ  вршеле рекет на бизнисмени. Прашањето е што барале вработени во АНБ да соработуваат за рекет со криминалното подземје? Заевизмот и луѓето од власта партискиот рекет кој го видовме со Катица Јанева го претворија и во државен рекет овој пат со Агенцијата за национална безбедност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто АНБ наместо да се гржи за националната безбедност се грижи и врши рекет на бизнисмени?

Кои луѓе од власта на Заев се вмешани во овој скандал?

И зошто нема одговорност за челните луѓе од АНБ?“ – прашуваат од партијата.

Најнови вести