Венко Филипче е извор на лажни вести. Секој месец се појавува и најавува нови термини за вакцинирање и вели следниот месец. Возејќи мотори и не е баш во состојба да прати што се случува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува партиското соопштение:
„Веста која ја демантира Филипче, во која се кажува кој се е вакциниран, дека се вакцинирани владини функционери, е објавена во медиум. Барем до толку се надеваме дека има писмен пиар да упати на соопштение на вистинската адреса.
Но, не е лажна вест тоа дека владата на Заев и Филипче не ги декласифицира информациите за тоа кој е ванциниран, а кој не.
Ајде декласифицирајте ги податоците и нека каже кој до сега е вакциниран за да поверува јавноста дека не лажете.
Зборот на Филипче, Маричиќ, Царовска и слични на нив не поминува.
Зборот на Филипче вреди колку сите промашени датуми за нови вакцини“.