понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Александрополи почна изградбата на терминалот за течен природен гас

Во Александрополи почна изградбата на терминалот за течен природен гас

Со потпис од Премиерите на Грција и Бугарија, Мицотакис и Петков официјално започна изградбата на гасниот терминал во грчкиот град Александрополис.

На свеченоста присуствуваа сите премиери од Балканот, како и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел.

Во своите обраќања, сите беа согласни дека овој терминал значи отворање на нова рута за земјите. Нови извори, поголема безбедност, но и за независнот од рускиот гас.

„Ние, земјите од слободна и демократска Европа, можеме само да се спротивставиме на руската инвазија на Украина и на притисокот без преседан што Русија во моментов ни го врши за заедно да го прекинеме снабдувањето со гас и да водиме политика која ги почитува принципите на меѓународното право. Економската уцена на Кремљ кон Бугарија и ЕУ нема да успее, бидејќи ние ќе се спротивставиме и денешниот настан е доказ за тоа.“ Изјави Кирил Петков, премиер на Р. Бугарија

„Ќе помогне во диверзификација на изворите, ќе ја поттикне енергетската инфраструктура и ќе се редуцира зависноста од рускиот гас, што ќе не направи посилни и посигурни. Овој проект дополнително ќе ја зголеми енергетската сигурност и во рамки на ЕУ и ќе помогне во борбата со климатските промени.“ кажа Шарл Мишел, претседател на Европски совет.

Премиерот Ковачевски придружуван од економските министри во Владата меѓудругото остварил и средба со амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат.Во своето обраќање потенцираше дека овој проект е од историска важност за целиот регион во областа на енергетиката.

„Со овој проект наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да влезе и снабдување од повеќе различни извори, како гасот од Соединетите Американски Држави, Блискиот Исток и други земји. Ова значи сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи и диверзификација на изворите што нашата држава ќе ја направи енергетски независна.Сето тоа ќе влијае и на намалување на цената на гасот како енергенс за индустриските и енергетски капацитети во нашата држава.“ изјави Димитар Ковачевски, претседател на Влада.

Терминалот чини околу 400 милиони евра, а се очекува да биде готов за помалку од 20 месеци. Македонија учествува со 10% или околу 40 милиони евра. Се состои од пловечки објект во кој ќе се чува енергенсот – кој пак во течна состојба ќе стига со бродови цистерни. Ќе се преработува во гас, па ќе се пушта во употреба во регионот.

Сепак за гасот да стигне овде, Македонија треба да изгради интерконектор за природен гас кон Грција. Инвестицијата од наша страна е околу 60 милиони евра. Следниот месец треба да се објави јавен повик и изградбата да почне кон крајот на годинава. Дел од проектот ќе биде финансиран и со пари од ЕБОР.

Преку овој интерконектор земјава непречено треба да добива гас од Азербејџан, но и течен гас од САД и други држави.

Најнови вести