понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во другите земји и најзагрозените граѓани дојдоа на ред за вакцинација: Во Македонија не се знае кој има првенство за вакцинирање

Во другите земји и најзагрозените граѓани дојдоа на ред за вакцинација: Во Македонија не се знае кој има првенство за вакцинирање

Во другите земји започна вакцинација против КОВИД-19 на бездомниците. Во Македонија само што започна вакцинација на граѓаните со хронични и ретки болести. Очигледно министерот за здравство Венко Филипче доцни со вакцинацијата и на приоритетните групи во земјата.

Бездомниците во Велс се на приоритетната листа за вакцинирање против КОВИД-19, со оглед на тоа што голем број од нив имаат здравствени проблеми, најави велшката Влада.

Министерот за здравство, Вон Гетинг изјави дека ќе се вакцинираат лицата кои спијат на отворено, лицата од засолништата и тие кои неодамна останале без дом, а сега се сместени во прифатилиштата.

Имено како за пример исто така е и Романија која речиси 300 бездомници има вакцинирано против корона вирус. Оваа земја ја прави една од првите европски земји кои ги издвоиле како приоритетни луѓето кои немаат свој дом и добија вакцина против КОВИД-19.

„Овие луѓе се меѓу најзагрозените од инфекција. На повеќето им е тешко да ги следат мерките за контрола на заразата“, изјави министерот за здравство Андреј Бачиу.

Букурешт одлучи да ги придвижи бездомниците на приоритетната листа, следејќи ги стапките на Данска по притисокот од хуманитарните организации. Сега луѓето кои спијат на улица се на исто ниво со луѓето над 65-годишна возраст, хронично болните лица и наставниците, и малку под здравствените работници.

Мобилни екипи за вакцинација ги посетија засолништата во неколку романски градови, вклучително и главниот град, во последните неколку дена.
Исто така и во Ватикан се вакцинирани бездомните лица, сите над 60-годишна возраст, во салата „Павле Шести“ во Светата Столица.

Според прес-службата на Ватикан, бездомните лица кои денеска ја примиле вакцината, живеат во близина на плоштадот кај базиликата Свети Петар и редовно добиваат помош од властите во Ватикан.

Според планот за вакцинација против КОВИД-19 во Србија во третата фаза се бездомниците. Во третата фаза од планот за вакцинација на Србија се вакцинираа околу 1,75 милиони други српски граѓани. Во таа фаза, исто така, биле вакцинирани и мигранти, баратели на азил во колективно сместување, луѓе кои живеат во нехигиенски услови, бездомници и луѓе кои живеат во крајна сиромаштија, како и затворениците.

Додека бездомниците се на приоритетна листа во другите земјите, во Македонија со процесот вакцинација не се знае кои се опфатени во т.н. приоритетна група, бидејќи се вакцинираа повеќето луѓе кои ниту се хронично болни, ниту имаа ретка болест или се над 70 годишна возраст иако така се најавуваше пред да пристигнат вакцините кои доцнеа неколку месеци.

Најнови вести