петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во кои делови од Македонија е најстудено денес?

Во кои делови од Македонија е најстудено денес?

Утрово најниска температура од -4 степени е измерена на Попова Шапка, следат Берово и Лазарополе со – 1 степен.

Во Скопје-Петровец, Тетово, Маврови Анови и во Крушево температурата на 0 степени, 1 во Крива Паланка, 2 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола и во Прилеп, 3 Струмица, 4 Штип, Куманово и Претор, 5 Демир Капија, Виница и Гевгелија и 7 степени во Дојран.

За изминатите 24 часа до 7 часот во Охдид е наврнато 1 литар на метар квадратен, а висинатѕа на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 20 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападните и јужните делови ќе има слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени. (МИА)

Најнови вести