понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Македонија дефокус од прашањето за името се врши преку процесите на СЈО, а во Грција преку Новартис

Во Македонија дефокус од прашањето за името се врши преку процесите на СЈО, а во Грција преку Новартис

Случајот „Новартис“ очигледно е отворен да фрли сенка за случувањата во наредните недели, во контекст на спорот со името, а може да се случат и предвремени избори во Грција.

Аналитичарите се категорични дека случајот „Новартис“ е отворен за да го пренасочи вниманието на јавноста од спорот за името. Обвинувањата на заштитените сведоци се тешки: швајцарскиот фармацевтски концерн „Новартис“ наводно му давал поткуп на поранешниот грчки премиер Андонис Самарас и други грчки политичари, како и на лекари за да се зголемат цените на неговите лекови и со брзо добивање дозволи да се завладее грчкиот пазар на медикаменти. Тоа, како што се вели од владини извори во Грција, во изминатите 15 години ја чинело државата 23 милијарди евра. Во аферата наводно, покрај Самарас, се вмешани и поранешниот вицепремиер и министер за финасии Евангелос Венизелос од ПАСОК, како и актуелниот еврокомесар за бегалци и поранешен министер за здравство Димитрис Аврамопулос и актуелниот претседател на Централната банка, Јанис Стурнарас. Политичарите чии имиња се спомнуваат во врска со скандалот тврдат дека сето тоа се „клевети“ и обид на владата на Ципрас да ја подгрее политичката клима за да го сврти вниманието од тешката финансиска криза во земјата и преговорите за името.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, пак, од своја страна тврди дека се прават „обиди за заплашување на сведоците и правосудството“.

Сепак, со оглед на тоа што водечките владини претставници ја опишаа аферата како “колосален скандал”, премиерот Алексис Ципрас немаше друг избор освен да побара парламентарна комисија да ги испита наодите. Понатаму, во оние кои се именувани во аферата е и поранешниот конзервативен премиер Андонис Самарас. Според ова се верува дека Ципрас може да повика на предремени избори.

Освен тоа, и покрај оптимизмот во врска со спорот за името, знаците не се добри. Се чини дека разговорите се одвиваат во ќор-сокак бидејќи Скопје ги направи барањата што Атина не може да ги прифати – како што е препознавањето на “македонскиот” јазик и идентитет. Ова може да доведе до колапс на разговорите. Но, дури и во случај да постои договор, Сириза можеби да остане изолирана кога станува збор за гласање во парламентот.

Од друга страна пак поранешниот грчки премиер Самарас, поднесе тужба против актуелниот грчки премиер Ципрас, поради вмешаноста на неговото име во случајот со фармацевтската компанија „Новартис“, јави МИА.

Самарас го обвини Ципрас дека тој е одговорен за „наместениот ужасен заговор, толку лошо наместен, што се распаѓа самиот“.

– Оддалеку се гледа дека обвинувањата се само клевети. И тоа го сторија набрзина, еден ден по огромниот протест за Македонија. Во моменти кога Грција е соочена со големи предизвици и закани, се обидуваат со лаги да ги замолчат нивните противници, делејќи го грчкиот народ. Единствениот начин да ги избегнеме игрите на сите оние што клеветат е да ги седнеме на обвинителната клупа и ние да го докажеме нивниот заговор, рече Самарас.

Најнови вести